Порака на денот: Не си ја заборавај насмевката!

Не знам што се случува со светот и околината, но денес е вистинска реткост да видиш насмеан човек. Сите се намуртени, сите се нервозни, сите се лути на светот, на луѓето, на себе.

Нема ден, а да не се наполниш со негативна енергија од сите намуртени луѓе околу себе. Луѓе, па кога престанавме да се смееме? Зошто?

Да, светот не е идеално место, ама животот е прекраток за да го поминеме во муртење.

Нема ништо поубаво на светот од искрено смеење после напорен ден, едноставно ги брише сите грижи и проблеми.

Светот секогаш ќе биде сиво место за живеење, ама ние со нашата насмевка додаваме боја во тоа сивило.

Насмевнете се некому на улица, посакајте му добар ден, ќе бидете позитивно изненадени од фактот дека речиси нема да има човек кој нема да ви возврати на насмевката.

Не си ја заборавајте насмевката, таа е најубавиот накит, таа го разубавува секој човек, таа ја брише секоја тага, таа е неизоставен дел од нашето битие, среќа и здравје!