Порака на денот: Не се чувствувајте виновно што го правите најдоброто за себеси

Нема потреба да се чувствувате лошо ако правите нешто што ви носи среќа и внатрешен мир.

Никому не должите објаснување ако се оддалечите од токсичните луѓе во вашиот живот. Дури и да ги сакате најмногу на светот, постои време кога едноставно нивната енергија е пресилна и потребно ви е време подалеку од нив. Не се чувствувајте виновно ако морате да прекинете одредена врска или пријателство. Тоа е сплет на околности кои доаѓаат до одредена точка по која не можете повеќе. Не е ваша одговорност да одржувате нешто што не може да се одржи.

Не се чувствувајте виновно ако се ставите себеси како приоритет, особено кога станува збор за вашето ментално здравје. Дозволено ви е да бидете себични, да мислите прво за себе и да си се поставите себеси како приоритет во тешките мигови низ кои поминувате. Важно е да се грижите за себеси во таквите моменти, а и сепак ако не се грижите вие за себе, кој да се грижи за вас?

Се се објаснувајте никому ако сте разочарале некого, особено оние кои ги сакате. Тоа се случува често во животот и не е ниту прв ниту последен пат. Во животот постојано правиме избори кои се наши, лични во кои веруваме во моментот и сметаме дека се најдобрите за нас. Можеби ќе згрешиме, но тоа е дел од нашата приказна и нашиот напор да бидеме посреќни.

Не се чувствувајте лошо ако создадете конфликт или ако морате да се конфронтирате со некого. Не морате да бидете љубезни ако некој се однесува како да не ве почитува. Во ред е да кажете што ви пречи и искрено да покажете дека сте повредени. Нема потреба да ги криете своите чувства само поради тоа што некој можеби ќе се навреди. Тоа нема да ви донесе ништо добро.

Не се чувствувајте виновно ако кажете не понекогаш. Ако немате време, ако не можете или пак едноставно немате енергија за нешто. Понекогаш ќе ги разочарате другите, но ако ве разбираат и сакаат, тие ќе сфатат дека работите не се црно-бели, дека постои причина поради вашата одлука. 

Не се објаснувајте никому ако го правите најдоброто за себе. Денеска, светот е тешко место за живеење и секој треба да се грижи за себеси. Не должите никому ништо, не го заборавајте тоа.