Порака на денот: Не престојувајте во минатото, не сонувајте за иднината, изберете го сегашниот момент

Зен филозофијата на живеење во својот фокус ги става мирот и рамнотежата.

Photo by Lina Trochez on Unsplash

Кога велиме дека некој е во зен, тогаш тоа значи дека таа личност е мирна, спокојна, опуштена. Многумина ја поврзуваат зен филозофијата со медитација, но постојат повеќе начини како можеме да пронајдеме мир и хармонија.

Најважни се нашите вредности, како и живеењето во согласност со оваа филозофија.

Ова се неколку важни мисли кои можат да ни помогнат во тоа.

Сите вистински уметници, без оглед на тоа дали се свесни за тоа или не, создаваат простор преку својот внатрешен мир.

Имајте доверба во себе, не во тоа кои би можеле да бидете, туку иние кои веќе сте.

Животот не е така сериозен, како што ни го претставуваат.

Имајте бестрашен став на херој и срце на дете.

Работите се такви какви што се. Кога го набљудуваме небото, не ги споредуваме добрите и лошите ѕвезди, или пак подобрите или полошо средени соѕвездија.

Кога некој ни значи, најдобро што можеме да понудиме е нашето присуство. Како можеме да сакаме некого, ако не сме присутни?

На луѓето им е тешко да се откажат од своето патење. Од страв од непознатото, тие го избираат патот кој им е најпознат.

Местото за подобрување, најпрвин лежи во нашето срце и ум.

Кога ќе сфатиме дека ништо не ни недостасува, го имаме целиот свет.

Не престојувајте во минатото, не сонувајте за иднината, изберете го сегашниот момент.

Кога нешто правиме, мораме целосно да изгориме, како логорски оган, а по себе, да не оставиме ниту трага.

Сегашниот момент е исполнет со радост. Ако бидете внимателни, ќе го забележите тоа.