Порака на денот: Не го жртвувајте сопствениот мир за неважни луѓе!

Колку пати некој ви се качувал на глава, а вие сте премолчувале за да не се расправате?

Колку пати некој некултурно ви се мешал во животот, а вие само сте се правдале и смешкале затоа што едноставно сте добро воспитани?

Колку пати ви ја црпеле енергија, а вие сепак сте ги трпеле?

Ова секојдневно им се случува на повеќето луѓе и повеќето луѓе премолчуваат, поттиснуваат навреди и повредени чувства, но сето тоа им го јаде внатрешниот мир и им ја разнишува самодовербата.

Никогаш немојте да дозволите да го жртвувате сопствениот мир за неважни луѓе! Немојте да премолчувате навреди, немојте културно да им се насмевнувате на луѓе кои се трудат да ве омаловажат. Не дозволувајте да го користат фактот дека сте воспитани и културни и да ви се качуваат на глава.

Затоа што кога ќе си дојдете дома, најважен е вашиот мир. Вашиот мир го чува и вашето здравје.

Не смеете да им премолчувате и да дозволите да ве навредуваат. Кренете ја главата и откачете ги таквите луѓе од вашиот живот!