Порака на денот: Не ги повредувајте луѓето кои ги сакате

Сите некогаш правиме грешки.

Photo by Slavcho Malezanov on Unsplash

Но, кога тие грешки се повторуваат, тогаш веќе не станува збор за ненамерна грешка, туку за свесно однесување кое ја повредува другата личност. Можеме да се однесуваме како да не го забележуваме тоа, но тоа не го намалува ефектот од она што го правиме.

Важно е да сакаме исправно и постојано да се трудиме да бидеме подобри личности кои оние кои нè сакаат. Тоа е она што ги прави односите здрави и цврсти. Луѓето често започнуваат љубовна врска или пријателство, но потоа мислат дека не треба многу да се грижат, дека односот ќе постои и ќе се развива сам по себе. Но, тоа е невозможно.

Дури и растенијата кои ги имаме дома, ако ги занемариме ден или два, веднаш ќе го забележиме тоа на нив. Зошто би било поинаку со луѓето?

Секој од нас е господар на сопствената судбина и сопствените потези, но важно е да знаеме дека со нашето свесно однесување придонесуваме кон тоа како се чувствува одредена личност во нашата близина. Затоа и нашите дела треба да бидат во согласност со нашите зборови. Не можеме да кажеме дека сакаме некого, а постојано да ја повредуваме таа личност.

Затоа, бидете тука за луѓето кои ви значат и на кои им значите. Ништо не ги уништува односите повеќе од отсутноста и незаинтересираноста. Вложете труд.

Бидете тука кога им требате, а не кога вие сакате,