Порака на денот: Не е важно дали другите веруваат во тебе, важно е колку ти веруваш во себе!

Кога сакаме да оствариме некаква цел, не е важно колку луѓе веруваат во нас. Важно е колку ние веруваме во она во кое сакаме да го постигнеме.

Не е важно дали другите ни аплаудираат, важно е внатре во душата да веруваме дека она што го правиме е правилно и вистинско.

Кога искрено веруваш во некаква цел, визија, идеја – тогаш срцето и душата се во хармонија и тогаш можеш да одиш и против целиот свет.

Вербата во себе е најважната состојка во ова патување наречено живот. Да, секогаш е убаво човек да има луѓе кои го сакаат и кои ги поддржуваат, но тоа е само дел од целото патување, а вербата во себе е темелот, основата и најголемиот ветер во грбот на еден човек.

Затоа, верувај во себе, верувај во своите идеали и соништа! Тоа е најголемиот чекор кон нивното остварување!