Легендарната песна на Влатко Стефановски, „Чукни во дрво“, има еден прекрасен стих кој вели:
„Надвор е пролет, живи сме“!
Живееме во глобална пандемија, постојано сме бомбардирани со лоши вести, трагични приказни и судбини, негативности на сите страни, но никој не може да ни ја одземе пролетта.
Пролетта е време во кое природа се буди од зимскиот сон, кога животот се враќа назад во природата, а се враќа животната енергија и во нас.
Денот е подолг, имаме повеќе сончеви времиња и ова е навистина одличен потсетник дека надвор е пролет и ние сме живи, ние сме тука!
Ајде во овие тешки времиња да ја прегрнеме пролетта, да го прегрнеме животот.
Ајде да најдеме нешто за насмевка, макар и да е тоа убавото сонце и мирисот на цвеќиња.
Надвор е пролет, живи сме, тука сме и тука и ќе бидеме!
Насмевнете се!