Порака на денот: Можете да барате и барате, но вистинското богатство лежи во вас

Како се однесувате кога врне дожд или паѓа снег?

Photo by Persnickety Prints on Unsplash

Дали сте нервозни или се препуштате на уживањето? Изборот е ваш.

Во голем дел од ситуациите во нашиот живот, навистина зависиме од надворешни фактори и околности на кои не можеме да влијаеме. Но, ние имаме контрола над нашиот живот многу повеќе одошто си дозволуваме да мислиме. Важно е како гледаме на работите.

Можеме да купуваме материјални работи, да се облекуваме убаво, да купуваме детали за домот и сето тоа е одлично, но најубавото богатство се крие во нас и нашиот поглед кон она што го имаме, бидејќи можеме да имаме сè, но ако не сме задоволни со тоа, џабе ни е сè.

Сите работи се онаму кадешто треба да бидат во одреден момент. Тие некогаш се менуваат сами од себе, но во многу ситуации, ние сме тие кои треба да го направиме клучниот потег. Од нас зависи исходот во многу моменти. Ние сме тие кои даваме боја, смисла и убавина на она што е дел од нашиот живот.

Веројатно сите ние сме ги изгледале оние слатки видеа на децата од Африка кои танцуваат на популарните хитови. Тие го прават тоа со леснотија и насмевка и уживаат во моментот, а ние можеме многу да научиме од тоа. Нивните услови и животи не се подобри од нашите, туку тие наоѓаат богатство во малите нешта.

Сите ние сме креатори на својот живот и најголемата моќ е во нас. Понекогаш сме свесни за тоа, но многу почесто сме несвесни. 

Некои работи се случуваат и на нив не можеме да влијаеме, но можеме да одлучиме како ќе гледаме на нив. Ќе уживаме или ќе се жалиме. Ќе ги игнорираме или ќе се опседнеме со нив. Изборот е наш!