Порака на денот: Можеме да побегнеме од сите, но не и од себеси

Односот со себеси е најважен, бидејќи не можеме да побегнеме од сопствената кожа. 

Photo by Dias ^ on Unsplash

Мораме да бидеме тука со сите свои грешки, порази, пропуштени можности, маани и доблести, но и успеси. Тие се наши и дел од нашето минато, не можеме да побегнеме од нив, колку и да се трудиме.

Луѓето често се вложуваат во односите со другите луѓе, но забораваат на себе. Забораваат на фактот дека секоја личност може да влезе и излезе од нашиот живот, но единствената константа сме ние. Ние можеби не сме центар на универзумот, но сме центарот на својот мал универзум, на нашиот свет во кој живееме. Тоа е важно.

Зошто си дозволуваме да се вложиме во подобрување и градење на нешто за што можеби знаеме дека е осудено од почеток, зошто вложуваме толку енергија трудејќи се другите да ги направиме среќни, а забораваме на себе и сопствената среќа?

Сè додека дишеме, јадеме, зборуваме, ние сме најважното нешто во нашиот живот и секогаш треба да го имаме тоа на ум. Особено е важно бидејќи не можеме да изградиме квалитетен однос со другите, ако заборавиме на себе. Не можеме да донесеме среќа за друга личност (колку и да се трудиме), ако во себе не наоѓаме среќа и радост. 

Затоа, ценете се себеси. Вложувајте во себе. Не ги прифаќајте работите онака како што ви се дадени, туку пробајте да ги обликувате онака како што вам најдобро ви одговараат. Не ги игнорирајте предизвиците кои доаѓаат за сметка на нешто друго.

Живејте го животот по сопствена мера. 

Бидејќи секој ќе дојде и ќе си замине, но вие сте тука. Но, морате да сте тука за себе. Онака како што треба.