Порака на денот: Малите нешта се оние кои најмногу вредат во животот

Ако земеме само момент и погледнеме во децата околу нас, ќе сфатиме каде лежи среќата.

Ако само најдеме време да ја набљудуваме нивната игра и среќата која надоаѓа од малите нешта, ќе научиме голема лекција. Тие се среќни со еден сладолед, нова играчка или пак со самото играње на игралиштето.

Да, нивниот живот е безгрижен и вработените се оние кои треба да размислуваат за сите одговорности и обврски, но децата дури и кога ќе се најдат во неволја или лоша ситуација и заплачат, брзо забораваат на тоа.

Тие ја наоѓаат среќата во малите нешта и што е уште поважно, го прават тоа секој ден, постојано.

Така и го градиме животот. Големите нешта се убави и тие го дефинираат нашето секојдневие, но вистинската, постојана среќа  лежи во малите нешта. Таа лежи во она што прави да се насмевнеме, она што ни го бранува срцето и ни дава убаво чувство и она за што и не размислуваме премногу, едноставно се препуштаме.

Чувајте ги малите моменти како спомени, бидејќи тие ја даваат суштината на нашето постоење. Но, никогаш не се предавајте. Секогаш наоѓајте нешто што може да ви донесе возбуда и да ви донесе цел еден убав ден, или убава недела.

Нема голема филозофија во тоа, само треба да вдишеме и издишеме.