Порака на денот: Луѓето си заминуваат, а животот минува...

Со текот на времето, надраснуваш некои врски, животот ги одведува твоите драги луѓе на непознати страни.

Повеќе не ни знаеш каде се, ни како се, ниту дали мислат на тебе.

Не можеш да им се јавиш, непријатно ти е, не знаеш што да им кажеш, се плашиш од она што тие би можеле да ти го кажат.

Си мислиш: „Ако вредеше – ќе потраеше.“

Си мислиш: „Едни си заминуваат, други доаѓаат, таков е животот.“

 А често ги сонуваш. Потоа се чувствуваш лошо и го криеш тоа од себе и од другите околу тебе. Можеби и тие ве сонуваат вас. Можеби и тие мислат и се грижат, можеби и тие се плашат. А времето си поминува. И животот полека си минува.