Ќе пројде и ова.
Сè проаѓа.
Вишок време и вишок информации.
Вишок храна и недостаток од движење.
Нервоза, напади на паника и црн хумор.
Опсесивно следење бројки.
Рацете ни испукаа од силен сапун и гелови за дезинфекција.
Ќе пројде и ова.
Сè проаѓа.
Сè ова што го имаш научено за самоконтролата, прилагодувањето, толеранцијата, дисциплината, сега е време да го примениш.
Трпеливо и полека, ден по ден, чувај ја силата и терај понатаму.
Ќе пројде и ова.
Сè ќе пројде.