Порака на денот: Избирам да ми биде убаво

Избирам да ми биде убаво.
Што почесто да правам работи кои прават да се чувствувам убаво.
Малку се „правам на Тошо“ кога ќе забележам дека нешто ми пречи.
Не исправам криви Дрини.
Со луѓето сум љубезна.

Го избирам полесниот пат секогаш кога можам. Често се покажувал како исправен.
Избирам да го избегнувам она што не сакам да го правам. Има причини зошто не сакам да правам одредена работа.
Не влегувам во конфликти.
Не убедувам, не докажувам, не менувам никого. Одамна научив дека тоа е залудна работа.
Водам своја политика, а тоа е „убавината на животот“.
Убаво ми е на мене, убаво им е на сите околу мене.
Умешноста на живеењето.