Порака на денот: Имајте трпение, еден ден вашиот труд ќе биде награден

Често се вознемируваме кога долго време вложуваме искрен труд во нешто, а никако да ни тргне.
Си велиме: До кога вака?
До кога ќе се вложувам себеси, до кога ќе се трудам, без никакви резултати и подобрувања?

Тоа е сосема нормално чувство. Нормално е да се чувствувате фрустрирано, кога давате сè, a се чини дека ништо не ви поаѓа од рака.

Но, имајте трпение. Лесно е да се каже, тешко е да се спроведе, но верувајте, најважно е трпението.

Резултатите нема да изостанат. Тие се неизбежни и ќе се појават. Без оглед на тоа за што се работи.

 Бог ќе ве награди и ќе ви го даде она што го заслужувате.

Можеби не денес. Можеби не утре.

Можеби ќе треба да почекате уште малку. 

Но, еден ден верувајте дека ќе бидете наградени за целиот овој труд и за сè она што сте го преживеале!

Имајте верба. Имајте трпение.

Одлично ви оди! Не се откажувајте!