Порака на денот: Еден ден, животот ќе те научи да живееш!

Доаѓаат така денови кога животот почнува да те тренира.

Ќе научиш да си го држиш јазикот зад заби, без да бидеш мутав.

Ќе научиш да зборуваш и кога порадо би молчел, а да не зборуваш глупости.

Ќе научиш дека мораш и кога нема да сакаш, а да не се присилуваш себеси.

Ќе научиш да ги слушаш туѓите солзи додека самиот ги голташ своите солзи.

Ќе научиш да продолжиш понатаму, иако не знаеш каде одиш.

Ќе научиш да живееш!