Порака на денот: Еден ден сè ќе има смисла

Не сега. Можеби не оваа недела, ни овој месец. Можеби ќе поминат години.

Photo by Oluwafemi

Но, ќе дојде ден кога ќе се разбудиш и конечно ќе разбeреш зошто нешто не се случило, зошто некој заминал, зошто си морал да го изгубиш токму она што мислеше дека никогаш нема да можеш без него.

Ќе дојде ден кога ќе се погледнеш во огледало и нема да го препознаеш лицето што некогаш плачело во тивките ноќи. Не затоа што си го заборавил тој бол, туку затоа што си станал некој што живее покрај него. Некој што знае дека болката не е крајот. Дека празнината што ја чувствувавме не беше празно место, туку отворена врата за нешто ново, подлабоко, посвое.

Затоа што вистината е дека нештата не се распаѓаат за да нè скршат. Тие се распаѓаат за да нè изградат. За да нè вратат назад кон себе, чекор по чекор, искуство по искуство. Секоја тага што сме ја преживеале ни го обликувала срцето. Секоја тишина нè научила да го слушаме животот на поинаков начин.

Научниците ќе ти кажат дека мозокот бара смисла. Психата бара наратив. Но душата… душата бара мир. А мирот не доаѓа кога ќе ги добиеме сите одговори. Тој доаѓа кога ќе престанеме да ги бараме по секоја цена. Кога ќе прифатиме дека понекогаш, токму најголемата болка станува почеток на најголемата благост во нас. Ќе има ден кога ќе се свртиш наназад и ќе кажеш: „Не разбирав тогаш. Плачев. Го проколнував животот. Но сега… сега гледам зошто.“ И не мора сите други да го разберат тоа. Доволно е што ти знаеш. Доволно е што сега, кога чекориш низ светот, носиш нешто што не може да се научи без срце што некогаш било скршено.

И ако си сега во тие денови кога ништо нема смисла – остани. Вдиши. Спиј. Плачи ако треба. Но остани. Затоа што тој ден ќе дојде. И кога ќе дојде, ќе знаеш: не си се изгубил, туку си се враќал/а кон себеси.