Порака на денот: Добрите работи се случуваат кога ќе се оддалечиме од негативните луѓе

Животот е сложен и често тежок, но со нашите лоши навики ние дополнително го комплицираме. Колку побрзо сфатиме дека некои работи и луѓе не ни се потребни во животот, толку полесно и посреќно ќе живееме.

Зошто им даваме толкав простор на луѓето кои постојано се жалат, критикуваат и кои ни велат дека нема да успееме? Зошто им даваме толкава моќ да влијаат на нашиот живот и да ни ја уништат насмевката?

Време е да престанеме да го правиме тоа.

Велат никогаш не удирај со кал по друга личност, бидејќи тоа може ќе допре по неa, но калта сепак ќе остане на вашите раце.

Кога некој се однесува лошо кон вас, сосема нормално е тоа да влијае на вашето расположение, однесување, па дури и самодоверба. Некои луѓе едноставно имаат таква енергија и каде и да се појават ја шират својата темнина. Дополнително, ако пробате да им се спротиставите или да се оддалечите од нив, ќе пробаат да направат да се чувствувате дека вие сте оние кои се виновни, а не тие. Тоа се случува често и не треба воопшто да се чудите. Но, треба да знаете дека вие сте оние кои одбирате што и кого имате до себе, а животот е толку краток и кревок така што треба да се трудите секогаш да го имате најдоброто околу себе. 

Ако некои луѓе ви создаваат болка, не ги бришете солзите од своето лице. Избришете ги од својот живот оние кои направиле да заплачете. Не дозволувајте ниту една постапка на другите да направи да биде уништен вашиот мир. Никој, апсолутно никој на светот не ги заслужува вашите солзи.

Запаметете го тоа!