Порака на денот: Чевлите кои совршено и стојат на една личност, би ги стегале другите

Не постои еден рецепт или формула за успех по која треба да се водиме.

Photo by Andrew Tanglao on Unsplash

Јунг вели:  Чевлите кои совршено и стојат на една личност, не и одговараат на друга. Така, сите ние доаѓаме од различни семејства, со различни искуства, карактери и однесувања и имаме различни желби и потреби. Не можеме да мислиме дека нешто што сосема и одговара на една личност, ќе ни одговара и нам и обратно.

Животот е убав и исполнет кога го живееме во согласност со сопствените убедувања и кога се бориме за своите желби и соништа. Можеме да ја добиеме најубава куќа на светот, најубавата работа, па и најубавите чевли, но тоа нема да ни донесе среќа, бидејќи можно е тие работи воопшто да не нè исполнуваат.

Психолозите постојано истакнуваат дека сме социјални суштества кои имаат потреба од контакт и поврзаност со друга личност, но ако се губиме во таквата приказна на туѓи идеи, критики па и суд, никогаш нема да најдеме радост. Не мораме да ја следиме толпата, можеме да бидеме дел од некое друштво или група, да споделуваме и да слушаме, но секогаш да останеме свои.

Како изградени личности, сите имаме можност и простор да сакаме или не сакаме одредени нешта, без да мораме да потпаднеме на притисокот од општеството дека нешто МОРА така. Ништо не мора и ништо не е задолжително. Ништо не е поважно од живеењето во согласност на себеси.