Порака на денот: Бидете свои, затоа што сите други се веќе зафатени

Познатиот писател Оскар Вајлд еднаш напишал: „Биди свој, затоа што сите други се зафатени!“

Ова е и нашата дневна порака за вас. 

Често сакаме да бидеме нешто што не сме, сакаме да бидеме како некој друг, мислиме дека така ќе ни биде полесно или дека повеќе ќе нè сакаат. Но, тоа не е точно. Ние сме уникатни, единствени, создадени од ѕвездена прашина и нас нè сакаат токму оние кои се наменети за нас. 

За секого има место под ова сонце и под ова небо, а колку повеќе би можеле да уживате кога би се опуштиле и би биле она што сте. Свои, насмеани, среќи и слободни.

Зарем не ви звучи ова како сон? 

Другите се она што тие треба да бидат. Секој од нас има своја судбина и пат.

Прегрнете го вашиот пат и танцувајте низ оваа животна патека исполнета со кривини и нерамнини. А на тој ваш пат со вас ќе танцуваат оние кои ве сакаат токму онакви какви што сте!