Порака на денот: Бидете нежни со личноста која ве сака

Ако некој ве сака, немојте да бидете груби со таа личност.

Photo by Greg Rakozy on Unsplash

Не морате да ја сакате назад, ако не го чувствувате тоа. Не морате да правите ништо. Важно е да бидете добри и љубезни.

Секој од нас има различни предуслови за љубов, но едноставно некогаш не можеме да ја сакаме личноста која нèсака. Можеби сме ја сакале претходно и сме престанале, можеби никогаш не сме успеале во тоа, но потсетете се како се чувствувате кога сакате некого. Каков е вашиот пристап, кои се вашите очекувања?

Кога во некого се раѓа љубов во нас, а и ние ја сакаме таа личност, тогаш чувството е неверојатно. Но, животот не е секогаш бајка и можеме да се најдеме во различни ситуации, од двете страни на приказната. Но, штом некој нè сака, доволно е да бидеме отворени, јасни и конкретни.

Погрешно е да ја лажеме личноста дека можеби некогаш ќе биде сакана од нас, колку и да е добра или искрена нашата намера. Тоа може и никогаш да не се случи. Погрешно е да молчиме, да ги оставиме во исчекување, да оставиме да погодуваат. 

Затоа, најдоброто што можеме да го направиме за нив, но и за нашиот сопствен мир е токму тоа – да бидеме искрени, добри и љубезни. Барем толку заслужуваат од нас, не им должиме повеќе.