Порака на денот: Ако сакаат да си заминат, пуштете ги да си одат

Не ни се потребни луѓе кои се тука до нас само кога сме среќни.

Добрите пријатели или вистинскиот партнер се тука и во добро и зло, во тешки и среќни денови, во убави моменти и неволји. Тие не избираат кога да се појават, кога да бидат покрај нас и кога да одговорат на нашите повици. Нема голема филозофија во тоа.

Кога некој ќе реши да си замине од нашиот живот, колку и да ни носи тоа болка, мораме да ги пуштиме да си заменат. Зошто би сакале да имаме покрај себе некој кој не планира да остане, кој си заминува во првиот момент кога работите стануваат тешки? Нема потреба да молиме, да очајуваме, да објаснуваме. Можеме само со крената глава да ги пуштиме да си одат, знаејќи дека можеби еден ден ќе се вратат, но тогаш вратата за нив веќе нема да биде широко отворена.

Раскинувањата се тешки, прекинувањата на пријателствата знаат да бидат болни и исцрпувачки, но уште потешко е покрај себе да имаме некој кој се однесува како да е принуден да биде дел од нашиот живот. 

Не можеме да натераме никому да нè сака, цени и почитува. Без оглед на тоа дали станува збор за пријателство во кое сме верувале или врска во која сме ја влеале сета наша надеж, ако некој се двоуми дали сака да биде со нас и до нас, тогаш на нас останува да и го дадеме одговорот на таа личност. Не сакаме покрај себе таква личност. 

Некогаш ни се потребни месеци, па и години да ги надминеме ваквите моменти и нечие заминување, но не заборавајте – личноста која ќе посака да си замине, не заслужува ни секунда повеќе во вашиот живот.