Стојам во ред во маркет и слушам муабети, ајде мрдни леле кај застанав кај оваа спорава види ја два пати куца една работа,ццц стана од каса цигари да донесе...Возам и гледам нафурани исфрустрирани фаци кои отвараат прозор и пцујат... Каде е домашна култура, воспитување, манирите?
Трагедијата е што овие луѓе мислата дека се посебни, е ваквите по некоја игра на случајност во животот добиле некаква позиција која не ја заслужиле апсолутно со ништо.
Незадоволни од својот неисполнет живот бараат начин да се докажат расипувајќи го денот на сите околу себе. Дерејќи се сакаат да ги убедат другите дека тие се во право.....Луѓе на чие ниво не вреди да се спуштиш.
Ич да не се чудите зошто младите генерации се толку невоспитани и со искривени вредности.
Една порака до ваквите типчиња (мангупи, фраери) научете се молчите и да учите од помудрите од себе, читајте пред нешто да изнесете како факт и извинетет се кога не сте во право.