Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повика граѓаните на Србија на нов бојкот на големите трговски ланци. Ова е продолжение на бојкотот што се одржа во петок на 31 јануари. Според Ефектива потрошувачите треба да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – Делеза, во која се Maxi и Shop&Go, Меркатор, кои ги вклучуваат Idea и Roda, како и DIS, Lidl и Univerexport, јавија српските медиуми.
Повикот е да се спроведе бојкот што ќе трае од денес до петок, 14 февруари. Од Ефекетива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженијата на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.
„Од последниот бојкот во петокот на 31 јануари и по јавниот повик до трговците да преземат конкретни чекори за намалување на цените, дури се случи некои бојкотирани трговци да ги зголемат цените. За ова е потребен нов потрошувачки бунт, кој ќе се преведе во петдневен бојкот“, велат тие.
PODRŽI I PODELI
Prenesi ukućanima, komšijama i rodbini
Cilj bojkota su trajno niže cene hrane, a ne da se hranimo na akcijama pic.twitter.com/46h0vxomJu
— Udruženje potrošača EFEKTIVA (@UBKEFEKTIVA) February 9, 2025