
Од Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје известуваат дека Жичницата на Водно и денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
- Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, информираат надлежните.