Поради уличен дефект утре без вода повеќе улици во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека утре поради уличен дефект ф-80 на Томас Минцер 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Томас Минцер, Тодор Чопов, Тодор Ецов, Христифор Жефаровиќ, Радован Ковачевиќ, дел од Сава Михајлов и дел од Методија Андонов Ченто.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. 

Поради уличен дефект ф-100 на крстосницата Лазар Поптрајков/Бапчор, прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците од истите улици. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:30 часот до завршување со санација на дефектот.