Поради укината социјална помош со нож и се заканувале на вработена во Центарот за социјални работи ви Бутел

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 59-годишниот Д.К. од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

 На 20.04.2018 година во Центарот за социјални работи во населба Бутел - Скопје, пријавениот, поради укината социјална помош, со нож  упатувал закани по животот на вработена во Центарот.