ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМИ: Неколку населби утре без струја

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општините Чучер Сандево, Чаир, Карпош и Кисела Вода.

Од 9 до 14 часот утре без струја ќе биде дел од село Чучер во општина Чучер Сандево, а од 8:30 до 9:30 часот ќе биде дел од улицата „Архиепископ Доситеј“ бр. 5 влез 2  во општина Чаир.

Без струја утре во период од 9 до 11 часот ќе бидат дел од улиците „Лондонска“ позади Архивот, „Московска“ околу бројот 115 во општина Карпош, како и дел од улицата „Христо Татарчев“ бр. 43-б  во општина Кисела Вода.

Во период од 9 до 16 часот утре без струја ќе биде дел од Припор и Сопиште во оштина Кисела Вода.

Како што информираат од РЦУК на Град Скопје прекинот е поради технички проблем во електро-мрежата.