Поради тебе поминав низ пекол, а сепак го нарекував тоа љубов...

Ти ја зезна работа. Јас ти го дадов моето срце и ти верував дека ќе се грижиш за мене и ќе ме заштитуваш, но ти не го направи тоа. Навистина е разочарувачки кога толку вреќе ќе браниш некого мислејќи дека е поинаков и на крај да излезе дека е како другите.

Мислев дека има нешто романтично во тоа да се бориш за некого, но нема ништо убаво во тоа постојано да убедуваш некого дека треба да те сака. Поради тебе поминав низ пекол, а сепак го нарекував тоа љубов.

Се грижев премногу за тебе, а ти воопшто не се грижеше за мене и тоа беше проблемот. Јас се правев дека не ми е гајле за тоа, иако одвнатре ме убиваше тоа. Подобро да немам никого во животот, отколку да имам некој кој е само половично присутен.

Има луѓе кои влегуваат во твојот живот само за да ти покажат што е погрешно, а што е правилно, да ти покажат која треба да бидеш и како да се сакаш себе.

Мојата грешка не беше тоа што се заљубив во тебе, туку тоа што мислев дека и ти беше заљубен во мене. Ти ме научи на тоа дека ти можеш да дадеш се некому и повторно да не биде доволно.

Можеби се уште ти се допаѓам. Најверојатно и не знаеш што сакаш. Она што е важно е дека не правиш ништо во врска со тоа. Јас нема да бидам измамена од твојот шарм, бидејќи ти не знаеш да сакаш. Јас сакам некој кој ќе ми стави до знаење дека сака да бидам присутна во неговиот живот.

Еден дел од мене те сака, но другиот дел знае дека ми е подобро без тебе. Ти ме сакаш само кога ти одговара, а јас сум преполна со живот за да бидам половично сакана.

Се надевам дека гледаш колку сум среќна и дека тоа те боли. Јас тебе ти дадов се и продолжив да се борам и откако беше јасно дека повеќе не треба да го правам тоа.

Ти можеш да си ја имаш твојата обична љубов. Јас сакам љубов од која ќе горам и која ќе ја ослободи мојата душа. Сакам да горам во страст и да уживам. Сакам некој кој ќе ме бакнува како да сум единствената на овој свет.

Вредам. Секогаш вредев и секогаш ќе вредам.

Можеби ќе се сретнеме кога ќе бидеме постари и кога нашите умови нема да бидат толку хаотични и ќе бидеме супер еден за друг.  Но, сега засега, јас сум хаос за твоите мисли, а ти си отров за моето срце.