Поради субјективни стравови им реков „луѓе дајте јас ќе ги рушам спомениците“, вели градоначалникот Шилегов

Македонското општество е сериозно поделено општество и мене како граѓанин тоа многу ми смета.  Дел од таа поларизација е направена за заштита на криманалите направени генерално за проекот „Скопје 2014“. Ова во вчерашното гостување на Топ тема го изјави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Нас ништо во моментов не ни пречи да го отстраниме споменикот на Мајка Тереза освен личен страв да го направиме тоа. Поради тоа им реков „луѓе дајте јас ќе ги рушам“, но поради законски пречки и субјективни стравови не може да направите ништо повеќе, додаде тој.

Шилегов потенцираше дека Скопје е град на модерната уметност со архитектонски „мастерписови“ кои уништени. Ова не е барок, туку необарок.

Не дека „Скопје 2014“ мене ми е каприц и не ми се допаѓа, туку тоа за мене нема никаква уметничка вредност. Јас сум спремен и да изработиме закон за проектот „Скопје 2014“, потенцираше Шилегов го интервјуто.