Поради реконструкција воведен времен режим на сообраќајот на улицата „Даме Груев“

 ЈП „Улици и патишта“ – Скопје информира дека во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје, поради што е воведен времен режим на сообраќајот.

– Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“  -Скопје, по налог на Град Скопје, ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“. Тие машински го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со улица „Македонија“ до улицата „11 Октомври“ и поради изведба на градежните активности, десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација, известуваат од јавното претпријатие.

На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП „Улици и патишта“