Поради реконструкција на ул. „Благоја Стефковски“ времен сообраќаен режим

Град Скопје ги известува граѓаните дека поради градежни активности за реконструкција на ул. „Благоја Стефковски“ (фаза 2 и 3), од денеска, петок 30.10.2020 година, до 21.00 часот во понеделник на 02.11.2020 година, на оваа улица ќе биде воведен времен сообраќаен режим.
За да може да се реализира проектот во најкраток можен рок, а и да се искористат престојните денови од викендот, затворена за сообраќај ќе биде улицата „Благоја Стефковски“ на потегот веднаш по железничката рампа и пруга Скопје – Белград (гледано од правец Трубарево – Центар на Скопје), со што ќе се остави можност за премин од Трубарево кон Хотел Белви каде ќе се насочи целиот сообраќај по автопатот кон бул. Александар Македонски во Автокоманда. По истата рута ќе се движат и сите градски автобуси коишто сообраќаат кон Катланово и обратно.
Во другата насока ул. Благоја Стефковски ќе се затвори кај крстосницата со ул. Дончо Штипјанчето во непосредна близина на црквата св. Спас во Маџари.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, како и да ја искористат околната улична мрежа за да стигнат до посакуваните дестинации.