Поради работни активности дел од Скопје утре ќе остане без вода

Поради работни активности на ЈП Водовод и Канализација дел од корисниците во централното градско подрачје утре ќе останат без вода. 

Од таму велат дека како разултат на планирани работни активности за отстранување на дефект на затворачи од Ф-300 мм на бул .Св.Кирил и Методиј (до мисијата на ЕУ) во населба Центар, на ден 09.05.2021 год.(недела) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на улиците Мајка Тереза, Шарски Одреди, дел од булеварите Св.Кирил и Методиј и св. Климент Охридски,  дел од улиците Даме Груев и Димитрија Чуповски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  08:30 часот до завршување со активностите, се вели во соопштението од јавното претпријатие.