Поради протест утре затворен сообраќајот во дел од Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот “Србија“ со булеварот “Борис Трајковски“во времето од 07,00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот “12-та Македонска Бригада“, булеварот “Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.

Полицијата апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.