Поради протест дел од улиците во Скопје утре ќе бидат затворени за сообраќај

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2022 (понеделник) поради најавено одржување на протест со почеток во 07.00 часот, СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот на бул.“Гоце Делчев“ и бул.“Крсте Петков Мисирков“ и околните улици. 

 - МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, стои во соопштението од полицијата. 

Приватните превозници вклучени во Јавниот линиски превоз утре ќе протестираат со целосно блокирање во сите правци на крстосницата кај Мавровка, односно булеварот „Гоце Делчев“ и булеварот „Крсте Петков Мисирков“.

Како што најави приватниот градски автобуски превозник „Слобода превоз“, блокирањето ќе биде со повеќе од 30 автобуси и повеќе од 300 лица.

– Не е исклучена можноста и не е потврдена информацијата дека на тој ден во утринските часови според можеби поедини превозници да ги блокиранаат излезите односно влезовите на ЈСП-Скопје. Исто така времетраењето на протестот не е утврдено и се планира да трае до исполнување на барањата кои ако брзо не се решат во наредните денови ќе се прошири и на други делови од сообраќајниците во Скопје, посочуваат од „Слобода превоз“.