Поради планирани зафати делови од неколку скопски општини денес без струја

ЕВН Македонија информира дека поради планирани зафати на електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат делови од неколку скопски општини:

- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од улица Васил Горгов и Јуриј Гагарин (општини Центар и Карпош);

- Од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците во Стопански двор – Волково (општина Ѓорче Петров);

- Од 09:30 до 14:00 часот, корисниците од населба Усје (општина Кисела Вода);

- Од 09:00 до 14:30 часот, корисниците од улица Сагудати (општина Ѓорче Петров).