Поради недостиг на анестезиолози и медицински сестри, затворена една од хирушките сали во Градската болница

Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ минатата недела затвори една од двете хируршки сали сали на новоотворениот Оддел за трауматологија, бидејќи има недостиг од медицински сестри и анестезиолози, пишува СДК


Најпогодено од затворањето на салата е изведувањето ортопедски операции, каде мора да ги одложуваат закажаните пациенти. Дополнителен притисок се и пациентите со скршеници и разни други повреди, кои не може да чекаат и мора веднаш да се третираат.

Директорот на „8 Септември“ Кристијан Костов вели дека минатата недела биле принудени за затворат една од салите на новиот оддел, бидејќи им недостигаат анестезиолози и медицински сестри.

„Во моментов работиме со 9 анестезиолози, бидејќи 3 заминаа во пензија. Ни недостигаат и 40 медицински сестри за да можеме нормално да работиме. Освен на Oдделот за трауматологија, не работи и уште една од другите сали, така што од вкупно седум сали сега работат само пет“, вели Костов.

Новиот Оддел за трауматологија во ГОБ „8 Септември“ беше отворен на  7 септември 2018, кој е сместен во просториите што претходно ги користеше приватната болица Филип Втори. На отворањето на Одделот, за кој првично беше најавено дека ќе биде Траума центар, присуствуваше и премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица. Тој тогаш кажа дека во новиот Оддел, кој е направен по најмодерни стандарди, се очекува да се лекуваат 2.000 пациенти.

Оперативниот дел според Костов, се одвива така што еден ден операции прави еден оддел, а следниот ден друг, односно нема прекин на хируршки зафати по специјалности.

„Имаме примено уште пет специјализанти, но тие во моментов се на специјализација на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување и со специјализацијата треба да завршат во мај“, вели Костов.

Тој кажа дека побарале одобрение од Министерство за здравство за вработување медицински сестри и дозвола да ангажираат еден од пензионираните анестезиолози.

„Од Министерството за здравство ни одобрија вработувања за 20 медицински сестри, сега чекаме да ни одобри и Министерство за фиансии. Разговарав вчера и најверојатно ќе ни одобрат да го ангажираме пензионираниот колега“, вели Костов.

new nike air max 2019