Поради недоразбирање во сообраќајот: Соседи се степале во Карпош

Две лица имале физичка пресметка на подрачје на Карпош, а тепачката била пријавена во полиција.

-На 16.05.2023 во 18.50 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(74) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот на подрачје на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од неговиот сосед Д.Ј. од Скопје, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.