Поради недоразбирање во сообраќајот, млад тетовец се обидел со остар предмет да нападне сограѓанин, му го оштетил и возилото

Недоразбирање во сообраќајот во Тетово завршило со пријава за обид за напад со остар предмет и оштетување на возило, по што полицијата привела 20-годишен жител на градот.

Како што информираат од МВР, вчера околу 14 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 20-годишниот Б.Т.  на улицата „Илинденска“ во Тетово.

Претходно, 24-годишниот Е.О. од селото Мала Речица пријавил дека околу 10:20 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, Б.Т. се обидел да го нападне со остар предмет, при што му го оштетил возилото.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.