Поради морбили и вируси, полупразни се скопските градинки

Поради сезоната на  настинки и вирози,  во периодов детските градинки се полу празни. Во тек е и забраната за примање во градинка на деца без примена МРП вакцина.

Родителите со потврди во рацете ги носат децата. Дел од нив ги вакцинирале претходно, но има и такви кои ги вакцинирале своите деца деновиве.

А сезоната на настинки ги наполни детските клиники. Директорот на институтот за белодробни заболувања Козле вели дека бројката на згрижени деца е поголема од очекуваната. Во период на епидемија од морбили тој вели дека бројката на ново вакцинирани е мала, токму поради сезоната на настинки и вирози, бидејки за да се вакцинира едно дете предуслов е тоа да биде комплетно здраво.

Казните со кои се соочуваат градинките доколку инспекциите откријат невакцинирани деца, за правното лице се движат од 2.000 до 4.000 евра, а одговорното лице треба да плати 30 отсто од одредената сума за правното лице.