Поради меѓусебно недоразбирање и нетрпение се истепале двајца војници

Вчера во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека истиот ден околу 09.00 часот на воениот отпад на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу војниците Ј.Ј.(43) од с.Кондово, скопско и С.С.(41) од с.Матка, скопско.

Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.