Поради масовното иселување македонските компании се повеќе се соочуваат со недостигот на работни сила од секаков вид. Бизнисмените го вклучија алармот, велат дека проблемот мора да се решава под итно.
„Има можност да се спречи на национално ниво со тоа што може да се направи одредена национална стратегија, да може да се отворат нашите можности, нашите компании, нашата држава за увезување на потенцијална работна сила, што покасно анализите ќе ни покажат. Бугарија го направи со увоз на претставници на потенцијална работна сила од Индија и Кина. Значи може да го следиме тој чекор“.
Македонските компании исто така бараат еднакви услови како и странските инвестиции во ТИРЗ-овите.
Но за жал засега нема решение за најголемата причина за иселувањето, а тоа е ниската плата, која воопшто не е доволнa за пристоен живот.