Концертот во огранизација на Општина Центар „Нешто што ќе остане“ се одложува поради лошите временски услови. Ваквата вест ја соопшти градоначалникот Горан Герасимовски на социјалните мрежи.
„Поради лошите временски услови го одложуваме концертот „Нешто што ќе остане“. Сакаме да си поминеме најубаво и затоа ќе чекаме стабилно време. А тоа значи ќе можете повеќе да размислите за подобрата политичка поза“ напиша Герасимовски.