Поради кражба уапсен вработен во обезбедувањето на РЕК Битола

Вработен како обезбедување во РЕК Битола крадел, поради што е уапсен од полицијата. 

На 17.08.2022 во 17.50 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Новаци лишен е од слобода Ѓ.М.(33) од Битола. Тој се сомничи дека извршил кривично дело кражба, пријавено непосредно пред тоа од страна на П.Н., вработен како обезбедување во РЕК Битола.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а украдените предмети се вратени на сопственикот.