Поради интервенција на водоводната мрежа неколку скопски улици утре ќе останат без вода

Поради интервенција на водоводната мрежа, утре без вода ќе останат корисници од неколку улици во Скопје.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради промена на затворач Ф-100 на улицата „Миладин Поповиќ“ бр. 15, прекин во водоснабдувањето ќе имаат корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“ и „Мирка Гинова“, како и од булеварот „Илинден“.

Прекинот ќе започне во 9:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.