Поради интервенција, дел од Кисела Вода утре без вода

ЈП Водовод и канализација известува дека на ден 13.04.2021 поради изведување на водоводен приклучок со пречник од ф80мм на ул.Киро Крстевски бр.30, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Киро Крстевски, Марко Цепенков, Иван Козаров, Доситеј Обратовиќ. Боте Ботевски и Мишко Михајловски. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со активностите. (општина Кисела Вода);