Поради големиот интерес од граѓаните, Град Скопје најавува и други бесплатни филмски проекции под отворено небо

„Исцелителна“ филмска вечер во Градскиот парк во Скопје.

Вчера, многубројна публика уживаше во проекцијата од филмскиот хит „Исцелител“. Поради големиот интерес од граѓаните, Град Скопје најавува и други бесплатни филмски проекции под отворено небо.

А денес, културната програма во парк продолжува. Вечер со почеток во 21 часот Ве очекуваме во уште поголем број за сите заедно да уживаме во музичкиот спектакл со африканската музичка ѕвезда ФЕМИ КУТИ кој за првпат во светот, и премиерно во Скопје, ќе настапува со симфониски оркестар од Македонската филхармонија.