Поради големиот интерес: Ќе се делат субвенции за ПВЦ прозорци, печки на пелети и сончеви колектори

И годинава  субвенции за ПВЦ прозорци, печки за пелети и сончеви колектори.

Поради големиот интерес од страна на домаќинствата и во слендиот период ќе продолжат да се спроведуваат мерките кои се дел од програмата за енергетска ефикасност.

Најдоцна до февруари ќе бидат објавен оглас за субвенции за ПВЦ прозорци. Годинава за  мерките предвидени се 50 милиони денари.

Од предвидените  50 милиони денари, најголем дел ќе бидат за субвенции за ПВЦ прозорци и за печки на пелети.

Доделувањето на надоместокот ќе се врши според принципот прв дојден прв услуже, се до искористување на средствата.