Поради голем интерес: Концертот на ,,Рибља чорба” во Скопје на нова локација

Поради огромен интерес на публиката за најавениот концерт во Скопје на ,,Рибља чорба” ќе биде сменета првичната локација.

Наместо да се одржи на отворениот простор пред “А1 арената”, ќе се случи на паркингот кој граничи со Аква паркот, на 27 јуни.

Локацијата собира 15.000 посетители и тоа ни овозможува да пуштиме дополнителни 1.000 влезници во продажба, бидејќи планираните 2.500 се пред распродавање. Тоа значи дека ќе се користи само 30% од капацитетот што овозможува исполнување на протоколите – појаснуваат од Авалон Продукција, кои се организатори на концертот.

Влезниците се продаваат по цена од 600 денари.