Поради дождот и силниот ветер жичницата вчера не беше во функција, ќе проработи ли денес?

Од Јавното сообраќајно претпријатије во текот на вчерашниот ден извесија дека поради силниот дожд и ветер Жичницата не беше ставена во функција.

„Ве информираме дека Жичницата не работи поради врнежи од дожд и силен ветер. Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, стоеше во известувањето на ЈСП