Поради дефект во шахта без вода корисниците на ул. „Фуштанска“ и дел од ул. „Јужноморавски Бригади“

ЈП Водовод и канализација информираше дека поради дефект во шахта на Фуштанска 64, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од ул. Јужноморавски Бригади.

Од јавното претпријатије соопштија дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 13:10 часот и ќе трае се до завршување со санација на дефектот.